Следете го падот на коефициентите во обложувалниците во реално време!

Кога на тикетот, покрај коефициентот, ќе видите тараба (на пр. 1,55 #), тоа значи дека шансите за тој натпревар се намалени.Зошто се случува тоа и зошто е важно?

Коефициентот може да падне од различни причини: повреди на клучни играчи непосредно пред натпреварот, промени на термините на натпреварот, промени во временските услови или некоја друга значајна околност, но најчеста причина за намалување на коефициентите е големата уплата за тој натпревар. На тој начин обложувалницата балансира, така што нема да пропадне доколку сите добијат на тој натпревар (ги намалува коефициентите, со што повторно ја оддржува реалната веројатност за исходот). Често се случува коефициентите да паѓаат толку многу што станува безвредно да се игра тој натпревар, па дури и да се блокира.

Кога коефициентите се 4-5 и поголеми, па падне на 3-4, не станува збор за нешто значајно, односно обично се работи за корекција на коефициент. Понекогаш обложувалниците прават мали грешки и даваат голем коефициент за некоја игра, а подоцна прават корекции.

Падот на коефициентите понекогаш може да послужи да ги намами играчите да ја играат токму таа игра и тој знак, па затоа треба да бидете внимателни. Ако не знаете ништо за натпреварот, освен дека коефициентите се намалени, тоа не ви значи ништо и не треба да играте такви натпревари.

Се случува на денот на натпреварот да се дознае дека за домашниот тим ке настапи со втората екипа, за која се очекува да загуби. Ова е случај кога обложувалниците реагираат и ги намалуваат коефициентите. Таквите падови на коефициенти во комбинација со информациите што сте ги дознале за тој натпревар може да бидат исклучително корисни и таквите натпревари треба да се играат задолжително.

Падот на одреден коефициент треба да биде само сигнал до Вас, да ги проверите сите потребни информации поврзани со натпреварот во кој има промена на коефициентите, да ги пронајдете сите информации и да дознаете зошто се сменети коефициентите на тој натпревар, и само тогаш, кога ќе погледнете сè, донесете одлука дали ќе се обложите на тој натпревар или не.