ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЊЕ

Како да започнете?

Најпрво потребно е да изберете онлајн обложувалница. Отворањето на сметка во интернет обложувалниците е целосно бесплатно и во процесот на регистрација немате никакви обврски кон обложувалницата, а единствениот критериум што мора да го исполните е да бидете полнолетни. Наша препорака е да разгледате неколку ОНЛАЈН ОБЛОЖУВАЛНИЦИ и да изберете која ви се допаѓа најмногу. При регистрацијата, важно е да ги внесете точните информации за да немате проблеми со исплатата. Исто така, ве советуваме да ги прочитате правилата на обложувалницата каде што отворате сметка.

 

Регистрација

Процесот на регистрација е многу едноставен, ги внесувате Вашите основни информации, како што се име, презиме, адреса, е-пошта, број на мобилен телефон (ако сакате резултатите да пристигнат на Вашиот мобилен телефон кога ќе побарате), а исто така ќе треба да изберете валута во која сакате да ставите облози (вообичаено во евра). Исто така, ќе треба да изберете корисничко име и лозинка што ќе ви овозможи пристап до сметката за обложување и ќе служи за идентификација. Откако ќе се регистрирате, ќе добиете е-пошта/ e-mail со Вашите податоци и линк на кој што мора да кликнете за да потврдите дека внесените податоци се точни и дека сте сопственик на наведената е-пошта. Откако ќе кликнете на линкот, процесот на регистрација е успешно завршен и можете да се најавите на Вашата сметка за прв пат со внесување на Вашето корисничко име и лозинка на страницата за обложување. Изберете онлајн обложувалница што ве интересира, скоро секоја од наведените обложувалници дава бонус при регистрација и има свои предности.

 

Обложување

Процесот на обложување преку Интернет е многу едноставен. Во зависност од обложувалницата, изберете тип на спорт или лига за која сте заинтересирани, а потоа изберете ги облозите за кои сакате да се обложите. Потоа ставете го Вашиот влог и потврдете го облогот. Сите облози или тикети можете да ги видите во архивата на Вашата сметка за обложување, доколку го погодите тикетот, парите автоматски се додаваат на Вашата сметка за обложување во рок од неколку минути по завршувањето на натпреварот.

 

УПЛАТА И ИСПЛАТА

Како да депонирате пари во онлајн обложувалница и како да подигнете пари од онлајн обложувалница?

Секоја интернет обложувалница ви нуди неколку начини да депонирате пари на сметката за обложување. Сепак, пред да депонирате пари во која било од онлајн обложувалниците, треба детално да ги прочитате упатствата за уплата и исплата. Особено треба да обрнете внимание на можните провизии и опции при исплата на средства. Многу обложувалници дозволуваат исплата на пари само на оние средства за плаќање од кои е извршена уплатата. Исто така, при исплата се појавува проблем со провизии. Некои обложувалници дозволуваат неограничен број бесплатни исплати, додека други дозволуваат бесплатни исплати само еднаш месечно. Некои обложувалници наплатуваат средства за банкарски трансакции, што особено важи за земјите што не се членки на ЕУ.

Повеќето обложувалници пред уплата и исплата бараат да ја извршите вашата идентификација, неопходна за да се спречи измама, . Самата идентификација главно се состои од испраќање скенирана лична карта или пасош по електронска пошта или факс.

Тука ги презентираме достапните начини на уплата и исплата на пари на онлајн обложувалници:

 

ДЕБИТНИ КАРТИ

Дебитна картичка е картичка со која можете да потрошите точно онолку пари колку што имате на Вашата на картичката и за разлика од кредитните картички, не можете да одите во минус. Дебитната картичка може да ја добие секој што отвора девизна сметка во банка во посакуваната валута (препорака за ЕУР), не е потребно да имате трајно работно место или кој било друг услов. Единствениот услов е да бидете полнолетни.

 

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

Кредитни картички може да се користат за уплата во онлајн обложувалници, со тоа што исплатата да може да се изврши само на кредитните картички Visa. Најголемата предност на кредитните картички е тоа што тие се - кредитни. Не мора да имате пари на Вашата сметка за да се обложувате, но може да се обложувате на кредит, односно парите што во моментот ги користите за обложување ги враќате на сметката на Вашата картичка следниот месец.

 

SKRILL

Skrill, популарно наречен електронски паричник, е услуга преку Интернет за испраќање и примање пари преку Интернет, за безбедно купување преку Интернет, а исто така е најпопуларна во онлајн обложувалниците, каде најчесто се користи при извршување уплата и исплата. Испраќањето пари се врши со едноставно внесување на Вашата е-пошта.

 

NETELLER

Neteller е одлична онлајн услуга за едноставен и безбеден електронски трансфер на пари, тој е многу сличен на Skrill, бидејќи и двете услуги работат на истиот принцип. Првично, тие беа врзани само за американскиот пазар, сега тие се сè попопуларни во остатокот од светот. Neteller неодамна ги прошири своите услуги за корисниците од земјите во регионот.

 

БАНКАРСКИ ТРАНСФЕР

Банкарски трансфер (банкарска дознака) е еден од начините за испраќање и примање пари низ целиот свет. Ова е најбавниот и најкомплицираниот начин за трансфер на пари на интернет обложувалниците. Плаќањето со банкарски трансфер обично трае 3-5 работни дена. За да можете да го користите овој метод на депонирање и вадење пари од Вашата сметка за обложување во една од онлајн обложувалниците, мора да имате девизна сметка.

 

PAYSAFECARD

Paysafecard е припејд картичка (слична на ваучер за надополнување на мобилен телефон) што се користи за плаќање преку Интернет. Многу добро е прифатена од страна на онлајн обложувалниците. Стана популарна поради фактот што нејзината употреба не бара оставање на никакви податоци на Интернет. Може да се купи само во земјите на Европската унија (на пр. Хрватска, Словенија) во вредност од 10, 25, 50 и 100€.

 

Корисничката подршка кај повеќето обложувалници ви е достапна 0-24ч, така што не би требало да имате со уплата и испалата.